Нашата компанија ОКТАГОН ПРИМА ДОО Скопје во 2019 година станува официјален партнер со Strawberry energy – меѓународно позната и присутна компанија, чија основна цел е развој на урбана опрема со соларно напојување наменета за паметни и одржливи градови. Мисијата на Strawberry energy e да се подобри искуството на луѓето со јавните простори и да им се обезбеди енергија и конекција во движењето. Strawberry energy со своите паметни клупи се присутни во повеќе од 50 градови и 23 држави низ целиот свет.
Паметните клупи го нудат концептот на “Интернет на нештата” (Internet of things-IoT) на луѓето кои ги посетуваат секојдневно јавните простори, подобрувајќи го урбаното живеење, правејќи ги градовите попаметни и попогодни за живеење. IoТ е логична еволуција на интернетот и комуникациите во светот во кој секој креира и консумира содржини што се споделуваат на интернет. Комуникацијата се одвива во повеќе насоки и ги надминува вообичаените граници на функционирање на уредите и физичкиот свет околу нас. Вмрежените уреди имаат способност да апсорбираат информации, да ги анализираат и да ги пренесат истите за да можат некои други уреди и/или луѓе рационално да ги искористат тие информации. IoТ е всушност интернет на поврзани уреди, системи и услуги, комуницирајќи машина со машина. IoТ веќе не е утописка визија за иднината, туку фундаментален концепт кој го менува и развива човештвото. Живееме во време на промени, кои ги менуваат стилот и начинот на нашето живеење и функционирање. Живееме во свет на паметни нешта, каде имагинацијата на луѓето нема граници, а технологијата е ставена во функција на оптимизација и поголема ефикасност на бизнис процесите, како и на подобрување на личниот живот на секоја единка во општеството.
Идејата на тимот на Smartbench.mk е да учествува активно преку идеја до реализација на сите проекти поврзани со паметни градови, базирано врз фундаменталниот концепт на IoT. Нашата мисија е преку примена на интегриран концепт на информациски и комуникациски технологии да се промовира развојот на едно општество. Концептот на паметни градови овозможува директна комуникација помеѓу заедницата и градската инфраструктура, следејќи ги случувањата во градот и начинот на развој на градот. Користејќи ја интелигентната примена на нови технологии, паметните градови вклучуваат размислувања за социјален и еколошки капитал, со цел да се трансформира животот и работата на градовите. Неминовна е транзиција кон паметни градови, бидејќи паметните градови ќе бидат поподготвени да одговорат на современите предизвици. Овој концепт придонесува за подобрување на квалитетот, перформансите и интерактивноста на урбаните услуги, намалување на трошоците и рационално користење на ограничените ресурси. Паметен град е оној кој поседува паметна и урбана опрема, која ја има имплементирано информациско-комуникациската технологија на начин што позитивно влијае врз локалната заедница, и овозможува регионална конкурентност и учество на граѓаните во управување со градовите.
Концептот на паметни градови не е статичен и нема крајна точка, напротив, тој е динамичен, тоа е процес кој нуди револуционерна визија за силен економски, социјален и културен развој. Со употреба на иновативни процеси кои ги нуди нашата паметна опрема, се овозможува подобрување на колективната интелигенција на градските институции преку е-управување.
Паметна средина е мал свет каде што различни видови на паметни уреди постојатно работат за да им го направат животот на жителите поудобен.
Нашата мисија е транзиција кон паметно Скопје, кон паметна држава.